Поради обилни врнежи од снег забрана за тешки товарни возила е воведена на патниот правец Гостивар-Стража- Кичево и на правецот Крак-Маврово-Дебар, информираат од ЈП Македонија пат.
Од 22:10 часот забраната за тешки товарни возила е воведена на правецот Гостивар-Стража- Кичево, а од 22:20 часот на правецот Крак-Маврово-Дебар, соопштуваат од Македонија пат.
Нивните екипи, како што соопшти Македонија пат, се на терен и интервенираат на планинските превои и на другите критични места на патиштата.
Фото: Архива