На патниците од повеќе од 150 земји ќе им биде забрането да транзитираат низ Хонг Конг, соопшти аеродромот, како дел од најновите заострувања на мерките за борба против коронавирусот во градот.
– Услугите за трансфер/транзит на патници преку меѓународниот аеродром во Хонг Конг за сите лица кои престојувале на одредени локации од групата А во изминатите 21 ден ќе бидат суспендирани, се вели во соопштението на аеродромот објавено на неговата веб-страница.
Суспензијата ќе стапи во сила во недела и ќе трае еден месец.