Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот.
Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Настанот по повод прогласување на Шар Планина за национален парк, како и денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“.
Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре Ковид центарот. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила. Пожарот е изгаснат за речиси половина час.