Претседателот Ѓорѓе Иванов не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година, се наведува во соопштението од Собранието.
Според соопштението од Собранието , претседателот Иванов не ги потпишал законите:
– Закон за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција;
– Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт;
– Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации;
– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.
Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година:
– Закон за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост;
– Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит;
– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.
Денеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на 3 закони кои се донесени со дво-третинско мнозинство:
– Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите;
– Закон за прекршоците и,
– Закон за управните спорови.
За овие закони, според Уставот, член 75, став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.