Тајван го продолжува времетраењето на задолжителна воена служба од четири месеци на една година, изјави денеска тајванската претседателка Цаи Инг-вен.
Според неа, одлуката е диктирана од зголемените закани од Кина.
– Сегашниот рок од четири месеци воен рок не е доволен имајќи предвид дека ситуацијата постојано се менува, истакна таа.
Нејзиниот Кабинет претходно соопшти дека претседателката ќе свика состанок посветен на безбедносните прашања.
Тајван постепено се движи кон трансформирање на својата регрутна војска во професионална, но начинот на кој се развиваат односите на самоуправниот остров со Кина и упадот на руските сили во Украина, предизвикаа дебата за тоа како да се зајакне одбраната на Тајван.
Кина го смета Тајван за своја територија, а Тајпеј ги отфрла претензиите на Пекинг.