Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети ќе мора да се појави на суд поради судир на интереси, изјавија денеска неговите адвокати.
Тие истакнаа дека ја обжалиле одлуката.
Дупон-Морети минатата година беше обвинет за злоупотреба на функцијата за да се пресмета со противниците од неговата правна кариера, со што стана првиот актуелен француски министер за правда кој е обвинет во правна истрага.