Поранешниот израелски министер Гонен Сегев призна дека шпионирал за Иран, по договор со суд за казна затвор од 11 години, соопшти Министерството за правда.
Сегев беше министер за енергетика од 1995 до 1996 година и обвинение против него е подигнато во јуни.
Безбедносната агенција Шин Бет тогаш соопшти дека Сеген добивал пари од иранската разузнавачка служба додека живеел во Нигерија и „служел како агент“.
Истражители открија дека Сегев контактирал со лица во иранската Амбасада во Нигерија во 2012 година и дека двапати го посетил Иран за да се состане со своите контакти. На Иран му обебзедувал информации поврзани со енергетскиот сектор и безбедносни локации.
Сегев е лекар кој беше во затвор во 2004 година поради обид за шверц на екстази таблетки во Израел, а државата ја напуштил во 2007 година откако излегол од затвор. Уапсен беше во јуни за време на посета на Екваторијална Гвинеја и екстрадиран во Израел.