Поранешниот лидер на германската социјалдемократска партија (СПД), Курт Бек, предложи спојување на федералните држави за на тој начин јавната администрација да работи поефикасно.
Во барањето на Бек за поголема федерална реформа е вклучено и прашањето за националните граници за кое долго време не е дискутирано.
-Сметам дека ова е посакувано- изјави поранешниот шеф на владата во Рајна Палатина.
Тој вели дека на пример би можеле да се спојат Сарланд и Рајна-Палатина во нов ентитет без притоа луѓето тоа да го отфрлат. Слични спојувања би можеле да направат Берлин и Бранденбург, изјави шефот на фондацијата Фридрих Еберт, блиска до СПД.
-Мислам на спојувања во северна Германија, поточно во Хамбург, како и на државите Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн-вели Бек.
Тој истакнува дека иако федерализмот е важен и стабвилизирачки елемент, нему му се потребни реформи.
Идејата да се спојат Берлин и Бранденбург пропадна во 1996 година.
Премиерот на Саксанија, Михаел Кречмер, од ЦДУ, ја отфрли идејата за спојување.
-Секако дека системот на федерализам треба да се развива. Но, ве молам не во насока на централизација – рече Кречмер.“