Петрит СЕЛИМИ, министер за надворешни работи на Косово во 2016 година:
„Додека смртта не не раздели. Изгледите за членство на земјите од Западен Балкан се базираат само на темпото на реформите во последните 3 години. Ова значи дека огромното мнозинство од граѓаните на Балканот ќе бидат мртви пред нивните земји да станат членки на ЕУ“.
Ова е објава на поранешниот косовски министер на Твитер. Селими не го наведува изворот на оваа проекција, но нема сомнеж дека прокецијата ја презел од релевантен извор.
Според оваа проекција, а заснована на темпотот на реформи што владите на зејмите од Западен Балкан ги спроведуваат во последните три години, Црна Гора ќе стане членка на ЕУ, односно ќе ги исполни условите за 38 години, Македонија за 40 години, Србија исто така за 40 години, Албанија за 48 години, Косово за 62 години, а БиХ за 68 години.