Мајкл Коен поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп осуден е денеска на три години затвор заради незаконско давање пари на две жени за да молчат за време на предизборната кампања на неговиот клинет во 2016 година и поради тоа што го излажал Конгресот за проект за изградба на Трамп кула во Москва.

Трамп имал вонбрачни врски со двете жени.

Судија во Менхетн го осуди Коен на три години затвор за плаќањата кои биле спротивни на финансиските закони во САД. Одделно доби и два месеца затвор за лажните сведочења пред Конгресот.

Во август поранешниот адвокат на Трамп призна за исплатите, а во ноември и за лажните изјави.