Поранешниот американски државен секретар Џон Кери го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да си поднесе оставка.
Тој го оквалификува како срамно запирањето на работата на американската влада заради несогласување меѓу конгресмени демократи и претседателот Трамп за прашањето за финансирање на ѕидот на границата со Мексико.
Демократот Кери го обвини Трамп за лаги особено по однос на Парискиот договор за климата.
Кери не исклучи можност да се кандидира за изборите за претседател на САД во 2020 година.
– Во моментот не планирам таква активност, но и не ја отфрлам, изјави Кери.