Познатиот музичар Мет Сорум, тапанар и поранешен член на култниот бенд Ганс Енд Роузс, за прв пат ќе стане татко на 61 година, пишува „Пипл“.

Сорум го очекува своето прво дете со 24 години помладара сопруга Ајс Харпер (36) со која е во брак од 2013 година.

Двојката ја потврди среќната вест и на Инстаграм со серија фотографии, на кои привлечна русокоса покажува труднички стомак во долна облека, а со видеото, во кое исекоа парче розова торта, ставија до знаење дека очекуваат ќерка.

=Ние сме исклучително возбудени затоа што Бог ни даде подарок во форма на нашето мало девојче. „Од сите убави авантури кои за среќа ги имавме во нашите животи, нема ништо што може да се спореди со радоста што сега ја чувствуваме заради создавање на сопствено семејство- рече парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Sorum (@mattsorum)