Македонија излезе од рецесија. Според податоците на државната статистика, во вториот квртал економијата забележа силен раст од 13% споредено со истиот период лани. Најголем раст има во дејностите кои минатата година во истото време речиси и не работеа: објекти за сместување и дејности со храна, трговија, транспорт. Кај нив растот е 46%. Кај индустријата 11,4%. За прмеиерот ова е потврда дека економијата е стабилна.

За експертите пак растот е резултат на почетокот на вакцинацијата и на нормализацијата на економските текови. Тој е висок заради ниската споредбена основа со истоиот период лани кога БДП пад за 15%.

Според прогнозите, неизвесноста ќе расте во третиот квартал кога всушност на земјава и се случи четвртиот бран од корона кризата кој ќе има негативен ефект на економијата. За до крајот на 2021 БДП се прогнозира да порасне за околу 4% спореднео со лани.