Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска загуби од Чехот Јакуб Меншик во финалето на турнирот во Мајами.
Мечот траеше два часа и пет минути и заврши со 2:0. Двата сета Меншик ги доби на тајбрејк со 7:6 (7:4).
Триесет и седумгодишниот Србин имаше седум асови, една двојна грешка и една претворена брејк точка.
Деветнаесетгодишниот Чех имаше сервира 14 асови, една грешка на вториот сервис и една реализирана брејк-точка.
Светскиот рекет број 54 ја освои својата прва АТП титула. Меншик има и една победа на турнирот од серијата Челинџер.
Турнирот во Мајами (САД) се играше за награден фонд од 9,2 милиони долари.
Фото: ЕПА