Порција грав може да чини стотици долари во некои сиромашни држави во кој воени судири и политичка нестабилност поттикнуваат вртоглав раст на цените на храната, соопштија ОН во студија по повод Светскиот ден на храната.
Милиони луѓе гладуваат, а цените на храната одат во небо во држава зафатени од воени судири. Лесно е можно да треба да се работи два дена за да се купи еден оброк , објави Светската програма за храна во студија.
Светските челници зацртаа дека до 2030година ќе се искорени гладта во светот во рамки на Цели за одржив развој од 2015 година. Жител на Њујорк за порција грав ќе потроши само 1.20 долари што е само 0,6 отсто од неговата просечна дневна заработка. Во Јужен Судан за тој ист оброк работник ќе мора да издвои две свои дневници. Тоа е речиси исто како американскиот жител порцијата грав да ја платил 348 долари, наведуваат од ОН.
Државите во кои се војува имаат најскапа храна, покажува анализа на 52 држави. Зад Јужен Судан е североисточна Нигерија во која оброк од грав според тие пресметки чини 222 долари. На трето место е ДР Конго – 79 долари, Малави 76 долари и Јемен – 62 долари. Бројот на луѓе кои гладуваат е зголемен во последните две години од 784 милиони на 821 милион.