Јапонските власти наредија итна евакуација на речиси 800 илјади жители на јужниот остров Кјушу поради ризик од лизгање земјиште и други опасни последици од поројните дождови.

Во некои делови од островот од петокот досега наврнале до 1000 мм дожд, а метеоролозите очекуваат до утре уште најмалку 350 мм дожд.

Поради лизгање на земјиште во градот Кагошима загина една жена. Наредба за евакуација добиле и жителите на градовите Амакуса и Ајра.

Владата формира кризен штаб во чија работа учествува и премиерот Шинѕо Абе.

Поројните дождови во југозападна Јапонија се очекува да продолжат до крајот на неделава.