Претседателот на Украина Петро Порошенко го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја анектира цела Украина и повика германската канцеларка да дојде во Киев и да помогне за кризата.
Во интервју за Билд, Порошенко отфрла руски обвинувања дека влегувањето на бродови во Азовското Море, води што ги делат Украина и Русија, била провокација.
– Не им верувајте на лагите на Путин, изјави Порошенко.
– Путин ја сака старата руска империја назад. Тој се гледа себеси како руски цар, и неговото царство не може да функционира без Украина. Тој не гледа како своја колонија.
Русија во неделата во близина на кримскиот полуостров заплени три бродови на украинската морнарица и нивни екипажи поради тоа што како што смета Москва, илегално влегле во руски води. Украина отфрла такви обвинувања.
Порошенло ја повика Германија да прекине со изградба на подморски гасовод што ќе и овозможи на Русија директно да испорачува во Германија, исфрлајќи ја со тоа Украина.
– Потребна ни е силна и одлучна реакција на агресивното однесување на Русија. Тоа исто така значи и прекин на проектот за гасовод Северен поток 2,, изјави Порошенко.