САД и Велика Британија постигнаа договор за отворениот воздушен простор по брегзит, за да го регулираат воздушниот сообраќај откако Лондон ќе ја напушти ЕУ.

– Договорот обезбедува гаранции за одржување клучни трансатлантски линии што ги користат десетици милиони патници годишно, соопшти владата.

Без тој договор, одделни правила на американските авиокомпании би создале проблеми за британските компании.