Првиот семеен портрет на прилепско семејство нацртан е на почетната страница на минејот за месец август 1793 година, подарен на Иверскиот манастир на Света гора.
Името на зографот не е напишано.
На портретот е прилепско семејство (хаџи Јован од Прилеп, сопругата Рада и децата Живко и Славе), кои во 1793 година биле на поклонение во Иверскиот манастир.
Кај „хаџи Јован“, јасно се гледа употребата на буквата ’Џ‘ во тој македонски црковен натпис од 18. век.
Бугарските пропагандисти денес често тврдат, односно лажат дека буквата ’Џ‘ е „вештачка“, и дека во македонскиот литературен јазик и правопис е насила вметната од српската пропаганда.
Целта на ваквите плитки лаги на бугарската пропаганда е подривање на темелите на македонистиката, и нивно прикажување како некаков наводен „фалсификат“. Позната е онаа малициозна шега дека македонскиот јазик е „напишан на србска пишувачка машина“. Историјата и фактите велат поинаку. Тоа е бугарска пропагандна лага, којашто самите македонски преродбеници, духовници и писатели ја побиваат.
Буквата ’Џ‘ е стара кирилична буква, којашто, како што можеме да видиме, во Македонија се користела и во 1795, најмалку 50 години пред каква било појава на каква било српска пропаганда.
Оригиналните стари записи продолжуваат да ја разбиваат бугарската шовинистичка пропаганда… Всушност, тука се работи за еден вид семејна слика-портрет од крајот на 18. век…