Португалската електроенергетска компанија ЕДП денеска објави дека се комплентира поставувањето на најголемиот пловечки фотоволтаичен парк во Европа, што ќе ѝ овозможи на Португалија да ја забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија од јули.
Два шлепера поставија 12.000 соларни панели на површина на четири фудбалски игралишта и инсталирана моќност од пет мегавати по лежај на акумулацијата Алкева, најголемото вештачко езеро во западна Европа.
– Овој проект е најголем пловечки соларен парк во склоп на хидроцентрала во Европа и ќе биде референца за други слични проекти, изјави водачот на проектот од ЕДП, Мигел Патена.
Панелите ќе произведуваат 7,5 гигавати електрична енергија годишно и ќе снабдуваат 1.500 семејства или една третина од потребите на блиските градови Моура и Портел.
Тие ќе бидат надополнети со литиумски батерии за складирање енергија со капацитет од два гигавати. Струјата произведена во пловечки соларен парк со инсталирана моќност од пет мегавати (MW) ќе биде за две третини поевтина од произведената во термоцентралите на гас.
Пловечките панели не бараат купување скапи недвижности. Тие на акумулациските езера во состав на хидроцентрала, особено се исплативи, затоа што може да се спојат на нивното поврзување со електроенергетската мрежа.
ЕДП е прва во Европа што тестираше можност за надополнување на хидро и соларната енергија во 2017 година, со пилот проект на пловечки фотоволтаичен остров со 840 панели на браната Алто Рабагао.
Војната во Украина ја истакна потребата за забрзана транзиција, нагласи членката на извршниот одбор на ЕДП, Ана Паула Маркез.