Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков денеска ја пречека министерката за одбрана на Македонија Славјанка Петровска, јави дописникот на МИА од Софија.
Посетата на министерката Петровска на Софија, според бугарскиуте медиуми, е продолжение на контактите на високо ниво започнати на почетокот на годината во обид за нормализирање на односите меѓу двете земји во контекст на евроинтеграциите на Македонија и ветото наметнато прво од Франција, а потоа и од Бугарија од 2020 година.
Македонското МО соопшти дека Петровска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана.
Таа ќе има средба и со двајца офицери на Армијата на Македонија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.
Засега нема детали од пречекот на Петровска во Софија. А како што објавивме, пред неколку месеци Петровска при нејзината посета на Велика Британија беше пречекана со народната песна „Јовано, Јованке…“ во замена за македонската химна. Тој потег, тогаш неофицијално беше објаснет со фактот дека, на министерката Петровска, „Јовано, Јованке…“ и била омилена песна.