Повисока ќе биде цената за паркирање на сите паркинзи со кои стопанисува Град Скопје преку ЈП Градски паркинг.

Во А зона наместо сегашните 45 ќе се плаќа 50 денари, во Б од 35 ќе покачува на 40 денари, а во зоните Ц и Д од 25 денари цената се покачува на 30 денари. Повисока ќе биде и цената за месечните паркинг карти во катните гаражи, која сега е 1.000 и се предлага да биде 2.000 денари.

ЈП Градски паркинг својот предлог за повисоки цени го оправдува со „зголемени трошоци за одржување на паркинзите и катните гаражи“.

Новите цени за паркирање се очекува да бидат одобрни на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в среда.

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, во неговиот мандат не изгради ниту една катна гаража, но активен е со „дислокации на спомениците, галиите и преименување на повеќето катни гаражи“ кои беа изградени во мандатот на поранешниот скопски градаоначалник Коце Трајановски.