Ден после неуспешниот референдум зачестија дисциплински постапки против административните службеници кои не излегле да гласаат. Повикувајќи се на одредби од Закон за административни службеници надредените поделиле неколку извештаи со кои се утврдени дисциплински мерки поради „неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи со полесни последици од повредата“.

Ваквите дисциплински мерки се изречени на административни службеници кои, како што велат некои од нив јавно, професионално си ги извршувале работните задачи, без никакви отстапувања почитувајќи ги интерните правила.

Целта, како што тврдат, е казнување на овие лица поради бојкот на вчерашниот референдум.

Дисциплинските мерки за утврдена дисциплинска неуредност кои се изречени се движат од 20 % од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност, во траење од три месеци, а за некои и подолго.
Вакви постапки се поведени за околу педесетина административни службеници како што тврдат поеднинци на социјалните мрежи.
Казнетите административни службеници се прашуваат Дали на ваков начин (казнување за банални причини) им се осветуваат поради неизлегувањето на референдумот и нивниот разичен став од власта?)