Во вчерашното издание на весникот „Вечерње новости”, меѓу тажните вести се најде и една посветена на фронтменот на британската група, Продиџи, Кит Флинт.

Прошталната порака е потпишана  од Гавра, Диќкор, Урке и Гокси, со наслов „Последен поздрав за легендата”.

Фронтменот на Продиџи беше пронајден мртов во понеделникот во неговиот стан во Есекс. Другите членови на бендот подоцна на Инстаграм објавија дека Флинт извршил самоубиство.