Вечерева ја очекуваме последната полна Месечина за оваа година.
Оваа полна Месечина ќе биде во Рак, во четврто поле на домот и семејството, што значи дека емоциите ќе бидат нагласени и дека акцентот ќе биде на односот со луѓето.
Но, како што Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да одат нити малку глатко, а голем број на луѓе ќе се присетуваат на минатото и ќе пребираат по главата различни спомени, и добри и лоши. Совет е да се обрнете внимание на однесувањето на разни собири и прослави, особено на семејните – избегнувајте расправи и трудете се да ги избркате негативните мисли.
Со оглед дека Венера од Шкорпија ќе прави добар аспект со Нептун, тогаш може да биде и добра шанса, вашите негативни емоции да ги трансформирате во хармонија и љубов.
Ова е всушност перидо кога можете да очекувате возбудливи средби од лична природа и интересни настани, а ќе бидете поотворени од вообичаеното и ќе бидете подготвени за промени. Оваа полна Месечина носи серија на промени во вашата рутина и се препорачува целосно да ги искористи сите можности кои ви стојат на патот.
Можете да очекувате дека ќе добиете клучеви за решавање на проблемите, кои долго ги влечете зад себе, а ова е добар период за познанства и пријателства.