Кралицата на поп музиката Мадона на Инстаграм објави црно-бела фотографија, која е снимена кога таа студирала танц во  школата Марта Греам, славејќи ја голотијата како форма на уметност.
Деветнаесетгодишната Мадона позира гола, а на недзините градите стои натписот „”Rebel Heart” (Бунтовно срце). Мадона на Инстаграм пишува дека за време на студиите, таа позирала гола за уметничко училиште за да ја плати киријата.

„Многу од овие фотографии беа продадени на „Плејбој” и „Пентхаус” откако станав позната. Фотографите ме искористија. Им реков на новинарите дека не сум засрамена од тие фотографии и тоа стана вест”, вели пејачката.

Таа додаде дека овие фотографии ѝ овозможиле да соработува со уметниците Енди Ворхол и Кит Харинг.

„Јас сум горда сопственичка на четири слики, на кои инспирација им се овие фотографии на кои позирам гола. Не можете да ја запрете уметноста, бидејќи креативноста секогаш победува”, вели Мадона.