Во текот на ноќва и во текот на денот ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 16 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје слично време, со температура од 20 до 24 степени.
Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.