Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој отслужуваше затворска казна на крајниот север на Русија, почина денеска. Тој комуницираше со пријателите и колегите преку социјалните мрежи. Последната објава пред два дена беше посветена на неговата сопруга.
„Душо, кај тебе сè е како во песна: Меѓу нас се градови, светла за полетување на аеродромите, сини снежни бури и илјадници километри. Но, чувствувам дека си блиску секоја секунда, а јас те сакам се повеќе и повеќе“, пишувало покрај фотографијата од Навални и неговата сопруга.
Објавата пред тоа датира од 1 февруари.
Тогаш порача дека му се допаѓа идејата на претседателските изборисите гласачи против Путин да дојдат на гласачко место напладне.
„Напладне против Путин. Тоа може да биде силна демонстрација на расположението во земјата. Вистинските гласачи против измисленото електронско гласање“, рече тој, додавајќи дека „најважно е тоа што ќе биде вистинска серуска протестна акција“.