Според последните податоци од Хрватска, најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди земјата.
Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица.
Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек.
По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, пренесува Хина.
На терен се осум кучиња во потрага по настрадани под урнатините од земјотресот.
Во разорениот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска, загинаа најмалку три лица, повредени се најмалку 20 луѓе и предизвикана е голема материјална штета во Загреб, Сисак и Петриња.
Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња, а земјотресот бил почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси.