Последниот твит на легендарниот играч на Лејкерс, Коби Брајант, кој почина вчеравечер во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, веќе собра повеќе од 2,1 милиони лајкови и повеќе од 443 илјади ре-твитови.

Брајант му честиташе на напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс за тоа што го помина со бројот на поени во кариерата и се искачи на третото место на списокот најефикасни играчи во НБА.

– Леброн Џејмс продолжува да ја придвижува играта напред. Голема почит кон брат ми. # 33644, – напиша Коби на својот профил на Твитер.