Саудискиот новинар Џамал Кашоги бил задушен со пластична кеса, која му ја ставиле преку главата, изјави за Ал џезира Назиф Керман, новинар во турскиот дневен весник Дејли сабах.
Тој додава дека последните зборови на Кашоги веројатно биле: „Се задушувам… Извадете ја кесата од мојата глава, клаустрофобичен сум“. Тоа било заклучено според тонските снимки во саудискиот конзулат во Истанбул.
Керман појаснува дека убиството веројатно траело околу седум минути и дека убијците на новинарот прво му ставиле кеса на главата, пред да му го распарчат телото. Сето тоа траело околу 15 минути.