Името „Република Cеверна Македонија“, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на мешовитата македонско-бугарска комисија.
Ова е компромисот кој, според телевизија Сител, бил постигнат во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од Мешовитата комисија.
Високи извори од македонскиот дел од комисијата за Сител рекле дека договорот се состои во тоа што придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, додека во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава, односно имињата кои произлегуваат од него.
Па така, наместо македонски, да се употебува „на Република Северна Македонија“.
Договор наводно имало и околу името на самата комисија, односно, во записниците нема да има повеќе македонска страна и бугарска страна, туку во записниците ќе стои Комисија на Република Cеверна Македонија или Комисија на Република Бугарија во зависност на што се однесува.
Македонската страна била задоволна што придавката македонски сепак останува во употреба, иако не е јасно каде тоа придавката останува во употреба кога од ова што се дознава таа се брише секаде, освен во цитатите, што претпоставува случаи каде не е можно да се избегне без своевидно фалсификување на цитатот.
Во разговорот со новинарите преку видео конференија што пред два месеци го остварија Ангел Димитров каде претседател на бугарската Комисија и Драги Ѓоргиев од Комисијата на Зоран Заев, бугарскиот претставник тврдеше дека нивното инсистирање да се избрише придавката „македонски“ произлегува од потписот што сме го ставиле на Преспанскиот договор и од толкувањето на тој договор. Очигледно беше дека тие за тоа се консултирале со Атина и дека Атина, за употреба на придавката, има дополнителни гарации кои ние можеме да видиме дека се спроведуваат, но ги нема во самиот Договор од Преспа.
Тоа очигледно е изведено така за да можат Заев, Димитров и другата тајфа да водат пропаганда дека го зачувале идентитетот.