Едно говори еден министер, друго кажува министерката од истата нова Влада на Република Македонија, во врска со продолженото отсуство од работа на родилките, поради коронавирусот, реагираат родители кои јакористат оваа владина мерка.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека тие ќе останат дома до крајот на годината, бидејќи така предложила Комисијата за заразни болести. Вчера, пак, министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска во изјава за ТВ Канал 5 рече дека ваквата предлог одлука ќе треба да се преразгледа.
Многу родители кои ја користат оваа владина мерка, поаѓајќи од изјавата дадена од Филипче, дека Комисијата за заразни болести предлага тие да останат дома до 31 декември годинава, не ги запишале нивните деца во градинка. А Шахпаска со нејзината изјава за нивно можно враќање на работа предизвика нервоза кај овие родители, бидејќи не знаат што да прават со нивните деца доколку треба да се вратат на работа.
Група родители вчера револтирани од ваквото играње со нервите за неизнаоѓање конечно решение за нив и нивните деца во услови на пандемија, и напишаа писмо на министерката. Во писмото тие го изразија нивниот револт, најавувајќи и протести ако и понатаму продолжи „играта со нивното трпение“.