Најмалку осум лица загинаа откако потона брод со 15 мигранти кај западниот брег на Турција, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу настраданите има и три жени.
Бродот потона во близина на провинцијата Мугла.
Во тек е потрага по исчезнатите мигранти во која учествуваат крајбрежната стража, хеликоптер и авион, како и тим нуркачи, соопшти Министерството.