Српскиот институт „Торлак“ денеска потпиша Договор за трансфер на технологии со Рускиот фонд за директни инвестиции и руската фармацевтска компанија „Генериум“
class=”article__text article__text_short”>
Договорот е потпишан за процедурите и технологиите неопходни за производство на руската вакцина „Спутник V “ во Србија, соопшти српскиот министер и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ.
„Од овој момент за „Торлак“ се отворени податоците поврзани со производството на вакцината „Спутник V“ што ја разви најреномираниот руски институт за вирологија „Гамалеја“. Се работи за чувствителни и доверливи податоци што можат да ги разменуваат само партнери кои имаат огромна меѓусебна доверба“, рече Поповиќ.
Тој најави дека во институтот „Торлак“ во текот на април ќе бидат произведени три серии за валидација на вакцината „Спутник V“.
„Примероците од овие серии за валидација ќе бидат испратени на контрола на квалитетот во институтот „Гамалеја“ во Москва. Откако институтот „Гамалеја“ ќе ја потврди валидноста на примероците произведени во „Торлак“, институтот „Торлак“ започнува со производство на вакцината. Очекуваме тоа да се случи до 20 мај годинава“, објасни Поповиќ.
Тој укажа дека Србија на тој начин би станала првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцината „Спутник V“.
Тој изрази благодарност до рускиот претседател Владимир Путин, владата на Русија, Рускиот фонд за директни инвестиции, институтот „Гамалеја“, компанијата „Генериум“ и институтот „Торлак“, кои ѝ овозможија на Србија да дојде до можност да произведува вакцини против коронавирус на своја територија.
„Ова е историски момент за нашата земја. Благодарение на нашите руски пријатели, Србија ќе може да ги сочува здравјето и животите на своите граѓани. И, она што е многу важно, ова е почеток на обновување на суверенитетот на нашата земја во производството на вакцини, кои ќе бидат важен ресурс за секоја држава во иднина“, заклучи Поповиќ.