Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е постигнат уште еден договор за набавка на вакцини, овој пат за 50.000 дози од руската вакцина „Спутник“.

Рама објави дека во рок од 10 дена вакцините ќе бидат во Албанија.

-Само што постигнавме договор да донесеме уште 50.000 дози вакцина „Спутник“ во Албанија во рок од 10 дена. Ние ќе ја добиеме оваа војна со силата на нашиот карактер и упорност и наскоро ќе ја оставиме пандемијата зад тунелот, каде што излезот кон светло брзо се наближува – напиша Рама.

Во меѓувреме во земјата епидемиолошката состојба се стабилизира, што според експертите од оваа област е последица на масовната вакцинација, но и рестриктивните мерки, посебно полицискиот час кој трае од 20:00 до 6 часот а е воведен од средината на ноември.

Според Министертвото за здравство, во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 264 лица од направените 2.092 теста што е 12,6 отсто од тестраните.Во исто време закрепнале 589, додека починале девет лица сите во болнички услови од 55 до 83- годишна возраст.

Во земјата продолжува масовната вакцинација и денеска се очекува бројот на имунизираните да надмине 200 илјади.