Во јануари, Велика Британија направи промена во упатствата за вакцинирање што шокираше многу здравствени експерти: Ако втората доза од една вид вакцина не е достапна, на пациентите може да им се даде друг вид вакцина.

Новото правило се засноваше на чиста претпоставка; во тоа време немаше научни податоци кои докажуваа дека мешањето на две различни вакцини за коронавирус е безбедно и ефикасно. Но, тоа наскоро може да се промени.

Во февруари, истражувачите од Универзитетот во Оксфорд започнаа испитување во кое волонтерите примија доза на вакцина Pfizer-BioNTech проследена со доза на AstraZeneca или обратно. Овој месец, истражувачите ќе започнат да ја анализираат крвта на испитаниците за да видат колку овој пристап е функционален.

Бидејќи се одобруваат растечки број на вакцини, истражувачите тестираат други комбинации. Неколку се во клинички испитувања, додека други засега се тестираат на животни.

Мешањето на вакцините може да направи повеќе од тоа да помогне само во надминување на тесните грла во снабдувањето. Некои истражувачи се сомневаат дека пар различни вакцини можат да функционираат во обезбедување имунитет подобро од две дози од иста вакцина.

„Мислам дека сме блиску до врвот на неколку интересни податоци“, рекол Адам Витли, имунолог на Универзитетот во Мелбурн во Австралија.

Концептот на мешање на вакцини – понекогаш наречен хетеролошки примарен поттик – не е нов во нашата ера на пандемија. Со децении, истражувачите го истражувале пристапот, надевајќи се дека ќе најдат потентни комбинации против низа вируси, како што се грип, Х.И.В. и ебола.

Но, научниците имаа малку што да покажат за целото тоа истражување. Беше доволно лесно да се докаже дека две вакцини можат добро да функционираат заедно кај глувци. Но, извршувањето на целосни клинички испитувања на комбинација на вакцини кај луѓе е сосема друа работа. „За една компанија да развие две паралелни краци на вакцина значи двојно поголема работата и двапати поголеми трошоци“, изјавил д-р Витли.

Некои од раните успеси во оваа смисла биле постигнати во потрагата по вакцини за ебола. Многу истражувачи ги насочиле своите напори кон презентирање на имунолошкиот систем со протеин кој се наоѓа на површината на вирусот ебола. Генот за тој протеин бил вметнат во различен, безопасен вирус. Кога луѓето примиле инјекција на вакцината, безопасниот вирус влегол во нивните клетки; клетките потоа ги читаат упатствата во генот ебола и масовно произведениот површински протеин на ебола. Имунолошкиот систем се сретнува со протеинот ебола и создал антитела против него. И тие антитела ги штителе вакцинираните лица доколку се заразат со целосен вирус на ебола.

Овој вид вакцина, наречена вакцина против вирусен вектор, се соочи со голем ризик: примателите може да развијат имунитет на вирусниот вектор по само првата доза. Кога пристига втората доза, нивниот имунолошки систем може брзо да го избрише вирусниот вектор пред тој да го изврши својата улога на носач. Голем број креатори на вакцини одлучија да ја избегнат оваа потенцијална закана користејќи различни вируси за секоја доза. На тој начин, вирусните вектори во втората доза ќе бидат нови за имунолошкиот систем како и првата.

Во 2017 година, на пример, истражувачите од Институтот за истражување Гамалеја во Русија создадоа вакцина против ебола, чија прва доза содржи вирус наречен аденовирус. Втората вакцина како носач користела друг вирус, наречен везикуларен вирус на стоматитис. Кога минатата година започна пандемијата Ковид-19, истражувачите од Гамалеја користеа слична стратегија за да создадат вакцини против новиот коронавирус. Првата доза го користеше истиот аденовирус како и во нивната вакцина против ебола, наречена Ad5. Втората доза содржи различен хуман аденовирус, Ad26. Истражувањата вметнале ген во двата вируси за протеините на површината на коронавирусот.

Студиите откриле дека вакцината, сега позната како Спутник V, дава силна одбрана против Ковид-19. Во клиничките испитувања, истражувачите откриле дека има ефикасност од 91,6 проценти. Спутник V сега се користи во Русија и 56 други земји. Неодамна, институтот Гамалеја ги здружи силите со AstraZeneca, која прави своја вакцина Covid-19. AstraZeneca се состои од две дози на аденовирус на шимпанзо, наречен ChAdOx1. Минатата недела, компанијата објави дека нејзината вакцина има ефикасност од 76 проценти.

Екипите на Гамалеја и АстраЗенека сакаат да видат колку добро функционираат нивните вакцини. Тие регистрираа пар клинички испитувања во кои волонтерите ќе добијат доза на AstraZeneca’s ChAdOx1 и друга на Sputnik V’s Ad26…

… Истовремено, една група на волонтери во Британија сега добиваат вакцина од Pfizer-BioNTech проследена со втора доза од AstraZeneca, додека друга група ќе ги добие вакцините во обратен редослед. Останатите волонтери ја примаат стандардната верзија на вакцини со две дози од ист вид.

Подоцна овој месец, тимот од Оксфорд ќе земе крв од волонтерите, испитувајќи ги нивните антитела и имуните клетки за да види дали хетеролошкиот примарен поттик создава имунолошки одговор приближно силен како две дози од секоја од вакцините…

Во Кина веќе постојат или се фаза на испитување четири вида вакцини, па се прават комбинации меѓу нив за да се види што ќе предизвика најсилен но и најбалнсиран имунолошки одговор.

Дали научниците ќе извршат повеќе експерименти со други вакцини, ќе зависи од подготвеноста на производителите на вакцини. „Барате доста големи фармацевтски компании да соработуваат заедно“, рекол д-р Витли.

Тоа е и еден од проблемите, можеби многу поголем од тој на научниците за самите вакцини. Д-р Бернард Мос, вирусолог од Националниот институт за алергија и заразни болести во САД, се сомнева дека голем број компании ќе бидат подготвени да дозволат нивните вакцини да се тестираат во комбинации. „Секогаш е подобро да се биде дел од нешто што ќе се употребува“, рекол тој мислејќи на фактото дека кога имате една авакцина таа ќе се употребува сигурно, „отколку целосно да поседувате нешто што не е“, мислејќи на комбинацијата која може и да не даде резултат.

Ова е, со мали скратувања, текстот односно анализата на Њујорк Тајмс за идејата да се постигне подобар имунолошки одогвор при вацинирањето со давање две дози до различни вакцини. Идејата, кај нас прв ја промовираше д-р Владимир Аврамовски.