Веселин МАРЕШКИ, потпретседател на бугарскиот парламент, на неговиот ФБ профил
„Патот пред Северна Македонија е сојуз со Бугарија!
Знаете дека многу од моите идеи на почетокот изгледаат авангардно, но со време сите доаѓаат до нив. Најверојатно вака ќе се случи со мојот став за Северна Македонија.
Крајно време е Бугарија и Северна Македонија повторно да бидат заедно. На сите им е јасно дека нема да им дадеме зелено светло за ЕУ додека одредени кругови таму работат против Бугарија и ги вртат старите тези.
Времето на Тито и Сталин одамна помина за да се дозволи нивните политики да живеат во 21 век. И штетно е за Бугарите од двете страни на границата. На ова лудило треба да се стави точка. Ние сме еден народ, со заедничко минато.
Ако успееме да ја отстраниме самозаинтересираноста на едната или другата земја, ако ги гледаме само интересите на нашите граѓани, обединувањето е логичен пат. Така ќе се надминат сите шпекулации со историјата и таа нема да бидат пречка за иднината. Освен тоа, нашите браќа автоматски ќе станат европски граѓани. Убеден сум дека постојат мудри луѓе во двете земји кои дискутираат за оваа опција, колку и да изгледа изненадувачки во оваа фаза.
Ваквиот чин на обединување би бил историски пример за визионерство и разум на Балканот.“