„Не можев повеќе да издржам, ги молев лекарите и медицинските сестри да ги исклучат апаратите на кои бев приклучена за да ме одржуваат во живот. Преживеав нешто нереално, нешто што тешко може да го разбере некој кој никогаш не доживеал вакво нешто“, раскажува за „Слободна Далмација“, сопругата на хрватскиот кошаркар, а сега тренер, Жан Табак, Горана.

Таа водела повеќе од 30 дена тешка битка со коронавирусот.

„Не знаев дека е можно да се остане жив после драмата, ужасот, што го преживеав цели 32 дена во приватната болница „Зарзуела“ во Мадрид. Не ми беше ниту на крај памет дека можам да се заразам со коронавирусот и дека би можела да умрам од тоа, вели Горана Табак (49) од Сплит.

„Добив температурата, што ми беше чудно, бидејќи не знам дали сум имала температура трипати во животот. Два дена беше околу 37,5 степени, потоа одеднаш скокна на 39,6 и 41 степени и тоагаш зедов парацетамол. Но, бидејќи не паѓаше, ја повикав болницата и ми рекоа да не доаѓам таму и ми објаснија како да ја спуштам. Но, таа не се симнуваше, па на 18 март, Жан, кој се врати од Полска, каде работи како тренер, ме однесе во Брза помош“, раскажува Горана.

Брзата помош веќе била преполна и на Горана не и не добила кревет за да  прима терапија. Ја седнале и интравенски и дале антибиотици.

„Белите дробови ми беа бели, на РТГ снимки воопшто не можеа да се видат поради коронавирусот, и лекарите поради тоа не можеле да видат дека имам и крвно згрутчување од шест сантиметри. Тие денови не бев во свесна состојба, ама на Жан и на пријателите некако без да знам и сама сум им пратила СМС порака во која сум напишала дека не верувам дека од ова ќе се извлечам жива. Дури откако излегов од болница ми ја покажаа таа порака, а јас не знам и дека сум ја напишала, бидејќи 16 дена бев во еден вид индуцирана кома“ раскажала Горана.

На 28. март докторите му се јавиле на Жан кажувајќи му дека се сомневаат дека ќе успее да се извлече, затоа што состојбата и била исклучително тешка.

„Сопругот минувал низ тешки моменти, а јас во болницата каде никој не смееше да ме види и се борев за животот. Бев во некоја полусвесна состојба. Се сеќавам дека ги молев докторите да умрам, да ме исклучат од апарати затоа што не можев повеќе. Се сеќавам и на еден момент кога околу 10 медицински лица беа над мене и како ме реанимираат. Слушав дофрлања: Ја губиме…, Не, не ќе се избори… Таа е лавица! Кога повеќе не знаеја што со мене, ме отворија кај вратот и со микрокамера ги снимаа белите дробови. Така го најдоа тоа крвно згрутчување кое не можеа да го видат со РТГ снимки, па веднаш ме оперираа и го извадија тоа“.

За среќа успеала да се излече и по месец дена се вратила дома.