Армијата на САД разработила нов тест за Ковид-19 што најверојатно ќе можe да ги препознава носителите пред да станат заразни и продоложат со ширење на болеста, објави синоќа Гардијан.

Ови би можело да биде значаен пробив во борбата со коронавирусот. Kоординаторите на проектот се надеват дека со тестирање на крвта ќе можат да откријат присуство на вирусот дури и 24 часа после инфекцијата, односно пред луѓето да покажат симптоми и пред да почнат да го шират вирусот.

Се вели дека тоа е околу четири денови порано отколку што сегашните тестови можат да откријат присуство на вирусот во телото на човекот.

Тестот е разработен преку проект на американската Воена агенција за напредни истражувања (Дарпа) а чија првична цел била брза дијагноза на бактерии или труење од хемикалии во напади со хемиско оружје.

Кога избувна паднемијата, истражувањето беше пренасочено и се очекува новиот тест да биде предложен на одобрување за итна употреба (ЕУА) од страна на американската Управа за храна и лекови (ФДА) во рок од една недела.

Доколку добие одобрување од ФДА, овој концепт на тестирање би го пополнил „дијагностичкиот јаз “ и целосно би ја „сменил играта“, зголемувајќи ја ефикасноста на програмата за тестирање и следење, додека владите ширум светот можат да ги ублажат мерките, изјавија од Дарпа.