Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава, која изнесува 60 212 денари, вредноста на кошничката за мај е намалена за 122 денари.
Речиси илјада евра му се потребни на едно четиричлено семејство за покривање на основните трошоци во мај годинава. Ова го покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за вредноста на минималната синдикална кошничка која во мај изнесува 60 090 денари.
Најголем дел од трошоците, односно 21 689 денари, според пресметките на ССМ, се даваат на храна и пијалаци, за облека и обувки на едно четиричлено семејство во мај му се потребни 4 928 денари, а за режиски трошоци и станарина 6 014 денари. За транспорт се двојат по 5 020 денари од семејниот буџет.
Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава, која изнесува 60 212 денари, вредноста на кошничката за мај е намалена за 122 денари.