Пред граѓаните е нов ценовен шок. Од идниот месец поскапува дел од зеленчукот.  За пет дена, односно на 28 февруари истекува мерката со која на 10 отсто се намали царинската давачка за кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, тиквичките, модриот патлиџан, свежите домати, краставиците и пиперки. Пред да се намали ваквата давачка за овие производи, таа изнесуваше од 30 до 65 отсто, објавува ТВ Телма.

Намалените царински давачки стапија на сила на крајот на минатата година, а важат до крајот на месецов. Ваквата мерка се воведе затоа што зеленчукот  и овошјето значително поскапеа, па се направи обид да се ублажи ударот од ценовниот шок.

Но, со оглед на тоа што овие производи од земјите членки на ЦЕФТА се внесуваат во земјава без царина, со истекот на мерката за намалената давачка  најверојатно ќе поскапи увозот а со тоа и самит производ  само на дел од зеленчукот кои се внесува тука од државите од ЕУ, но и сите други останати земји.

На крајот на месецов истекува и мерката за гарантирана цени, со која се под мраз основните прехрамбените производи. Министерството за економија нема да ги продолжи мерките. Се надеваат дека законот  за нефер трговски практики, ќе го реши проблемот со цените.

Очекуваме ова законско решение кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаме да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделски производи, порачаа од Министерството за економија. 

Во меѓувреме основната порошувачка кошница руши рекорди.

Според, последните податоци на ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 1.000 евра за да го истурка месецот. Најмногу пари одат на храна и пијалоци. Граѓаните коментираат дека никогаш не било поскапо и дека постојано се зборува за високите цени, но ништо до сега не помогнало за да се ублажи ценовениот шок.