Во тек е јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот, потсетуваат од Град Скопје.
Со оваа мерка, како што велат, Градот ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
-Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Повеќе информации за јавниот повик може да се добијат на – https://skopje.gov.mk/media/
Град Скопје оваа мерка веќа ја реализираше во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции, а овој проект е дело на градоначалникот Петре Шилегов. Тогаш висината на субвенцијата изнесуваше најмногу до 1.000 денари.