Претставници и високи функционери на власта во медиумите и на социјалните мрежи денеска споделуваат фотографии со сцени од „тероризмот“ на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а изоставени се фотографии од сцените кои му претходеа на овој настан.

Таканаречената шарена револуција, на чии крилја долета актуелнава власт, палеше објекти во центарот на Скопје (канцеларијата на Претседателот на државата), јуришаше со камења и контејнери врз полицајци кои обезбедуваа објекти и протести, демолираше фасади, споменици итн.

Но, тоа за власта не е „крваво“, „крвав е само 27 април“, кој беше испровоциран со незаконското прогласување на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Поради оваа „крвава вистина“ на актуелната власт, денес во затвори лежат голем број македонски патриоти и уставобранители затоа што се спротивставија на неуставните одлуки, а тие што палеа, фарбаа, повредуваа полицајци во тн. шарена револуција, за власта денес се „фини граѓани“.

А криминалот што следуваше по доаѓањето на „шарената демократска“ гарнитура на власт се уште е актуелна приказна и се уште не е минато.

(Д.Г.)