Граѓаните на социјалните мрежи се потсмеваат со акцијата на власта против дивоградбите во Охрид, но и во останатите места во Македонија.
– Уапсените мајстори признаа дека самоиницијативно граделе за да го изненадат газдата на дивоградбата, објавува на Твитер корисникот со псевдоним Емпти Персона.
Како што е познато завчера во акција на полицијата и надлежните служби беа приведени мајстори кои биле затекнати како работат на објект кој е дивоградба во Охрид. За дивоградбата на Матка, како и за други дивоградби, се уште нема уапсени мајстори, а власта најави дека ќе го реши и тој проблем.