Ако трошите 400 киловатчаса (квч) струја месечно – 200 квч скапа и 200 квч евтина, ќе платите околу 2.600 денари месечно. Во случај, РЕК Битола да ви ја подари струјата, сметката ќе ви биде 1.600 денари. Толку чини да ви ја донесат до дома, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ) за сметките за струја што ги добиваат граѓаните.
Надоместокот за пренос и дистрибуција на струја, односно тн. мрежарина, се наплаќал отсекогаш, но сега само е наведен како посебна ставка во сметката за струја, а претходно беше вкалкулиран во цената на струјата.
Во новите сметки, има посебно цена на струја, а посебно цена на мрежарина, како што е во сите земји од ЕУ, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
– Шпекулациите дека е некоја нова давачка единствено служат за нечиј личен ПР и за лажење на граѓаните. Да престанеме да шириме шпекулации да ги правиме нашите граѓани неуки дека е воведена некоја нова давачка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа, вели Бислимовски.
Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека за дистрибуција плаќаат повисоки сметки отколку за самата струја и прашуваат како е тоа можно?
Кај народот има една поговорка која вели „повеќе дара од масло“.
Целиот текст во РСЕ.