Во псоледните 24 часа пријавени се вкупно 24 починати лица од Ковид 19, на возраст од 35 – 82 години.
-седум пациенти од Скопје;
-пет пациенти од Кавадарци;
-четири пациенти од од Прилеп;
-два пациенти од Гевгелија;
-едно лице од Тетово;
-едно лице од Велес;
-едно лице од Кочани;
-едно лице од Кичево;
-едно лице од Ресен;
-едно лице од Радовиш.
Сите пријавени се починати во болнички услови, а најмладиот починал на 35 години.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на Ковид-19, од кои 672 се на територија на Скопје.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на пандемија изнесува 52.851, а бројот на активни случаи изнесува 7.736.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.
Изминатите денови процентот на позитивни од тестираните се движеше околу 30 отсто.