Повеќе од десет милиони луѓе досега ја примија првата доза од вакцината против коронавирусот во Велика Британија, објави денеска британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.

– Ова е многу значајна пресвртница во нашите напори на национално ниво да се бориме против вирусот, напиша Хенкок на Твитер.

Велика Британија е на прво место во Европа според бројот на смртни случаи од последици од коронавирусот, со регистрирани 108.013 смртни случаи, додека досега се заразиле повеќе од 3,8 милиони луѓе.