Повеќе од 21.000 луѓе досега во Словенија потпишаа петиција за фундаментални промени во образовниот систем, бидејќи и учениците и нивните родители се преоптоварени со сегашниот систем.

Се предлага намалување на оценување со бројки и намален број домашни задачи, но исто така и укинување на националните тестови за знаење и матурата, со воведување приемни испити за средните училишта и факултетите.

„Образованието стагнира во последниве години. Децата се преоптоваруваат во училиште, бидејќи материјалите и задачите се повеќе и повеќе. Повеќето деца не можат сами да учат сами туку мора со нив и целото семејство. Не гледаме потребни промени, и затоа одлучивме да проговориме, надевајќи се дека заедно можеме да доведеме до промена во системот “, се вели во петицијата.

Минатиот месец петицијата беше поттикната од Националниот совет за родители.

Се очекува Министерството за образование, исто така, да го разгледа тоа во подготовката на новата национална стратегија за образование што се очекува оваа година.

Петицијата содржи 13 предлози, меѓу кои – намалување на наставниот материјал, број на домашни задачи и тестови, укинување на националната проверка на знаење и матура како и воведување приемни испити пред запишување во средно и на факултет, попрецизна и помала нумеричка проценка, редовно дополнително образование на педагошки кадар…

Во мандатот на поранешниот министер за образование Славко Габер, пред 15 години беше спроведена голема реформа на образованието со воведување деветгодишно основно училиште и национална матура во средно образование.