Повеќе од милион босоноги верници се приклучила на годишната верска поворка на Филипини за да оддадат почит на повеќевековниот кип на Исус Христос.

На поворката во чест на Црниот Назареќанец се присутни и повеќе од 7.000 полицајци и војници заради обезбедување.

Многумина Филипинци го сметаат кипот за чудотворен. Дрвениот кип на Исус со круна од трња според верување на Филипини го донеле шпански мисионери во 1606 година. Бродот што го пренесувал го зафатил пожар, но дрвениот кип освен што потемнел останал неоштетен и поради тоа е и неговото име Црниот Назареќанец.

Околу 300.000 верници чекаа цела ноќ во парк во Манила каде се чува кипот од вторникот за да може да го допрат или да го избршпта со пешкир или шамивче. Процесијата од паркот Лунета до базиликата во дистриктот Куиапо трае најмалку 20 часа. Во првите четири часа 478 луѓе побарале медицинска помош.